Пожарот што денеска избувна покрај железничката пруга кај местото Ореше, Општина Чашка се уште е критичен и доста активен и покрај напорите за гаснење, соопшти Центарот за управување со кризи (ЦУК). Поради засилениот ветер пожарот се шири кон повисоките делови на сртот кон Општина Долнени.
Прво почнала да гори сува трева, но потоа пожарот брзо се проширил и зафатил дабова и габерова шума, помеѓу селата Ореше и Богомила. Поради пожарот, до околу 17:00 часот, во прекин беше и железничкиот сообраќај. Пожарог го гаснат од Национални шуми – подружница „Бабуна“ – Велес, како и лица од месно население, а им се придружиле и авионите за гаснење пожари, соопштуваат од ЦУК.
Видете и ова: Пожарот во Дрисла изгаснат, од претпријатието повикуваат да не се шират дезинформацииТрите авиони за гасење пожари на отворено на Дирекцијата за заштита и спасување оваа година се сервисирани и почнувајќи од јуни годинава се присутни во секој појавен пожар на отворено, информираат од Дирекцијата за заштита и спасување.
Оттаму посочуваат дека по барање на општините и проценката на стручните лица скоро секој ден противпожарните авиони се спремни за летање и интервенирање за гасење на пожари во отворено.