Бугарскиот парламент на 14 септември ја одобри одлуката за укинување на забраната за увоз на жито од Украина. Официјален Киев ја поздрави оваа одлука, а претседателот на Украина, Володимир Зеленски, рече дека таа „поставува пример за вистинска солидарност“.
Бугарија беше меѓу петте земји од Европската унија (ЕУ) кои воведоа забрана за увоз на жито од Украина, наведувајќи ја потребата од заштита на локалните земјоделски сектори. Европската комисија ги одобри привремените ограничувања, кои треба да истечат на 15 септември.
Унгарија, Полска, Романија и Словачка инсистираат на продолжување на сегашната забрана од страна на Комисијата и се закануваат дека еднострано ќе преземат мерки доколку нивните барања не бидат исполнети.
Бугарија и четирите други регионални земји се обидоа да ги заштитат сопствените земјоделски сектори од поплавата на производи од Украина во изминатите 18 месеци, обвинувајќи го увозот за падот на цените на локалните пазари.
Видете и ова: Унгарија најави забрана за увоз на жито од УкраинаВојната на Русија против Киев и прекинот на украинскиот извоз на жито преку Црното Море резултираа со тоа што Европската унија стана главна транзитна рута и извозна дестинација за украинското жито.
Во мај, Европската комисија се согласи да им дозволи на Полска, Бугарија, Унгарија, Романија и Словачка да ја забранат домашната продажба на украинска пченица, пченка, семе од репка и семки од сончоглед, истовремено дозволувајќи транзит на такви товари за извоз на друго место.