Трговците кои вршат трговија на мала на земјоделски и прехранбени производи нема да може да ги ставаат на акција и на промоција, одлучила Владата на денешната владина седница.
Одлуката треба да важи до 30 ноември. Оваа одлука не ги опфаќа алкохолните и безалкохолните пијалаци.
Владата постапувала по предлогот на Министерството за економија, за да се спречи злоупотреба на одделни производи.
„Одлуката е со цел граѓаните да ја знаат точната и реална цена на производот, и да не се доведуваат во заблуда со цените на прехранбените производи“, соопштија од владината прес-служба.
Видете и ова: Министерството за економија најави замрзнување на цената на хранатаСледната недела, пак, Министерството за економија ќе предложи и замрзнување на цените на производите во прехранбената индустрија.
Од крајот на 2019 година берзанските цени на храната се зголемени за 23,3 отсто на светско ниво, а кај нас за 47 отсто, вели министерот за економија Крешник Бектеши.