Лукашенко ќе се сретне со Путин на 15 септември

Александар Лукашенко и Владимир Путин во Сочи

Александар Лукашенко и Владимир Путин во Сочи

Белорускиот претседател Александар Лукашенко ќе ја посети Русија во петок, 15 септември, каде што е предвидено да разговара со неговиот руски колега Владимир Путин, објави белоруската државна новинска агенција Белта.

Главна тема на разговорот ќе биде „меѓународната агенда и регионалните прашања“, објави агенцијата.

Во средата, во својот извештај за односите со Белорусија, Европскиот парламент го прогласи Лукашенко за учесник во злосторствата на Руската Федерација во Украина, особено во депортацијата на децата.

Видете и ова: По пасоши само дома - Лукашенко им поставува стапица на противниците

Севернокорејскиот лидер Ким Џонг Ун на 13 септември беше во Русија. Неговото пристигнување во земјата во вторникот беше придружено со предупредување од Вашингтон да не влегува во никакви договори за трговија со оружје.

Белорусија е домаќин на руските сили и опрема користена во војната во Украина, но белоруските трупи не учествуваат во тие операции. Русија исто така распореди тактичко нуклеарно оружје во Белорусија.