Во Брисел се одржува нова рунда дијалог на највисоко политичко ниво, прва по избувнувањето на насилствата на северот на Косово, кои дополнително ги заострија односите меѓу Приштина и Белград, но и меѓу Брисел и Приштина.
Во тек е средбата на високиот претставник на ЕУ за надворешни работи и безбедност, Жозеп Борел и специјалниот пратеник на ЕУ за српско-косовски дијалог, Мирослав Лајчак, со претседателот на Србија, Александар Вучиќ.
„Тешките разговори во Брисел штотуку започнаа“, напиша Вучиќ на Инстаграм.
Потоа се очекува средба на европските претставници со премиерот на Косово Албин Курти, а потоа и таканаречената трилатерална средба која вклучува заедничка средба на претставниците на Европската унија (ЕУ) и лидерите на Косово и Србија.
Видете и ова: Џозеф: Вучиќ и Курти имаат корист од кризата на KосовоПретседателот на Србија, Александар Вучиќ и премиерот на Косово, Албин Курти, последен пат се сретнаа на 2 мај годинава.
Одговорноста за насилството на северот, европската страна ја префрли на Косово, бидејќи новоизбраните градоначалници, косовски Албанци, влегоа во општинските згради во придружба на полицијата. Тие беа избрани на изборите одржани на крајот на април, кои беа бојкотирани од мнозинското српско население на северот.
Локалното српско население со денови протестираше против новоизбраните албански градоначалници на општините на северот на Косово.
За време на протестот беа повредени неколку десетици членови на мировната мисија на НАТО. Затоа НАТО го зголеми своето присуство на северот на Косово.
Дијалогот беше привремено прекинат бидејќи европската страна сметаше дека овој процес не е можен без целосно воспоставување мир на северот на Косово.
На 22 јуни се одржа кризен состанок итно свикан од високиот претставник на ЕУ Борел на кој се разговараше за чекорите кон деескалација, но по тој повод беа одржани само одделни средби на лидерите со домаќините во Брисел.