Администрацијата на американскиот претседател Џо Бајден нема да се двоуми да воведе дополнителни санкции за Русија и Северна Кореја доколку склучат какви било нови договори за оружје меѓу себе, соопшти синоќа американскиот Стејт департмент, цитиран од британските медиуми.
Портпаролот на Стејт департментот Метју Милер ги даде предупредувањата на прес-конференција како одговор на прашањата на новинарите за средбата меѓу рускиот претседател Владимир Путин и севернокорејскиот лидер Ким Џонг-ун.
„Веќе презедовме голем број активности за да ги санкционираме организациите кои посредуваат во договори за оружје меѓу Северна Кореја и Русија и нема да се двоумиме да преземеме дополнителни активности доколку е потребно“, рече Милер.
Видете и ова: Северна Кореја ѝ вети на Русија „целосна и безусловна поддршка“
Според портпаролот, причина за загриженост е тоа што Русија и Северна Кореја разговараат за поширока соработка што може да ги прекрши резолуциите на Советот за безбедност на ОН.
„Ако го погледнете она што се чини дека е засилена соработка и веројатна размена на оружје, тоа е многу вознемирувачко и потенцијално би прекршило повеќе резолуции на Советот за безбедност на ОН“, резимира Милер.
На 13 септември севернокорејскиот лидер Ким Џонг Ун и рускиот претседател Ким Џонг Ун одржаа средба во Русија, на која како што известија медиумите било разговарано за сите прашања, а од страна Ун и била понудена „целосна и безусловна поддршка“ од неговата земја за Русија и нејзината инвазија на Украина.