Врковниот суд една недела по донесување на измените во кривичниот законик реагира дека начинот на кој се донесе е спротивен на европските стандарди. Во заклучокот од денешната седница на Одделот за казниви дела при Врховен суд е наведено дека донесувањето на законски измени без транспарентен процес е спротивно на европските стандарди.
На 6 септември пратениците во Собранието изгласаа измени на кривичниот законик со кои се намалуваат затворските казни за за злоупотреба на службена положба за лична корист, можност за порано да застарат дела, бришење на членови кои предвидуваат казни за злоупотреба на јавни набавки, оштетување на Буџетот.
Од Врховниот суд известуваат дека на денешната седница беа разгледани и измените во врска со злоупотребата на службената положба и овластување за кои не биле консултирани.
„Подготвувањето на законски измени кои имаат влијание врз судските постапки мора да биде спроведено низ транспарентен процес преку јавна дебата и стручна расправа. Во Врховниот суд од страна на Министерството за правда не беа доставени на мислење предметните измени на Кривичниот законик. Со тоа беше оневозможено Врховниот суд да даде мислење за донесените законски измени кои претставуваат прашање од висок јавен интерес“, велат од Врховсниот суд.
Оттаму истакнуваат дека Врховниот суд секогаш давал поддршка на законски решенија кои придонесуваат за ефикасна борба против корупцијата и криминалот и поаѓајќи од тие заложби и во минатото немал забелешки за висината на казните за предметните кривични дела, ниту предложил нивно ублажување.
Овие измени предизвикаат бурни реакции од домашната стручна јавноста како и од Европската Унија.
„ЕУ со загриженост забележува дека некои од измените во Кривичниот законик усвоени во забрзана постапка од Собранието со кои се намалуваат максималните законски казни и се предизвикуваат импликации врз примената на принципот на застареноста, влијае врз голем број случаи на корупција на високо ниво“, изјави портпаролката на Европската комисија задолжена за соседство, проширување и меѓународни партнерства Ана Писонеро запрашана за коментар за Измените во Кривичниот законик.
Видете и ова: Европската комисија е загрижена поради измените на Кривичниот законикТаа во изјавата за новинската агенција МИА, истакна дека ЕУ изразува жалење поради недостигот на сеопфатни консултации со домашните фактори и со Европската комисија пред нивното усвојување, како и за употребата на процедурата со ЕУ знаменце, која треба да биде конзистентна и јасно поврзана со законите кои првенствено имаат за цел усогласување на националното право со законодавтвото на Унијата.
Во меѓуреме Министерството за правда подготви нови предлог закон за амнестија по скратена постапка со кој се предлага, лицата на кои им е изречена казна затвор до 6 месеци потполно да се ослободат од издржување на казната, додека на осудените лица на кои им е изречена казна затвор над шест месеци, се ослободуваат од издржување на 30% од целокупната казна изречена со правосилна пресуда.