Ослободување и намалување на затворски казни за лесни кривични дела како и ослободување од затвор до 6 месеци се предвидува во новиот предлог закон за амнестија по скратена постапка што го подготви Министерството за правда. Целта на овој предлог закон е да се намали бројот на затвореници поради пренатрупаност во затворите, се вели во нивното соопштение.
Оттаму велат дека овој предлог закон ќе се разгледува на наредната седница на Влада. Министерството соопшти дека овој предлог закон е доставен и до координаторите на пратеничките групи во Собрание со цел да достават свои забелешки.
„Со законот се предлага ,лицата на кои им е изречена казна затвор до 6 месеци потполно да се ослободат од издржување на казната. Осудените лица на кои им е изречена казна затвор над шест месеци, се ослободуваат од издржување на 30% од целокупната казна изречена со правосилна пресуда“, е посочено во соопштението на Министерството за правда.
Видете и ова: Ковачевски контра ЕУ за Кривичниот законик - исти закони имаат европските земјиВо него се посочува дека ослободување или намалување на затворските казни нема да има осудените на доживотен затвор, како и за кривичните дела убиство, измами при избори и гласање, мито и корупција силување и семејно насилство, злоупотреба на службена должност или измама со пари од европски фондови.
„Амнестијата не се однесува на лицата кои делата кои се предмет на амнестија ги сториле по 1 септември 2023 година“, објаснуваат оттаму, додавајќи дека нема да важи ни за функционери.
Видете и ова: Кацарска не се согласува со измените на Кривичен законикПретходно на 6 септември пратениците во Собранието изгласаа измени на кривичниот законик со кои се намалуваат затворските казни за за злоупотреба на службена положба за лична корист, можност за порано да застарат дела, бришење на членови кои предвидуваат казни за злоупотреба на јавни набавки, оштетување на Буџетот.
Видете и ова: Европската комисија е загрижена поради измените на Кривичниот законикОвие измени предизвикаат бурни реакции од домашната стручна јавноста како и од Европската Унија.