Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен на 13 септември изјави дека местото на Западен Балкан, Украина и Молдавија е во Европската Унија.
„Не можеме да си дозволиме да ги оставиме Европејците зад себе. Јасно е дека стратешкиот интерес на ЕУ е нашата унија да биде целосна“, рече таа во својот годишен говор за „Состојбата на Унијата“.
Таа потврди дека се залага за Унија која ќе брои повеќе од 30 членки и дека проширувањето ќе биде „катализатор на напредокот“.
„Докажавме дека можеме да бидеме геополитичка унија и покажавме дека можеме брзо да напредуваме кога сме обединети. Верувам дека нашиот тим може да функционира и со 30 плус“, рече Фон дер Лејен.
Сепак, таа предупреди дека процесот на членство во Европската Унија, која има 27 членки, се заснова на заслуги и дека Европската Комисија секогаш ќе го брани овој принцип.
Видете и ова: Фон дер Лајен ја охрабрува Украина на дополнителни реформи за членство во ЕУ и НАТОВо својот годишен говор Фон дер Лајен ги бранеше резултатите што ги постигна на чело на ЕК, велејќи дека работела на промовирање, но и дека ќе продолжи да брани чесна транзиција кон зелена енергија, силна геополитичка унија и фер конкуренција со светот, објавија британските медиуми.
„Денешниот сојуз е доказ за визијата на оние што сонуваа за подобра иднина по Втората светска војна“, порача претседателката на ЕК“.
Фон дер Лајен, која се очекува да се кандидира за втор мандат следната година како шеф на извршната власт на ЕУ, рече дека таа и нејзиниот тим исполниле повеќе од 90 отсто од ветувањата што ги дала кога го презеде раководството на Европската Комисија во 2019 година.
„Погледнете каде е Европа денес. Сведоци сме на раѓање на геополитички сојуз, поддршка на Украина, спротивставување на руската агресија, одговор на агресивноста на Кина и инвестирање во партнерства“, нагласи фон дер Лајен.
Таа додаде дека „сега имаме европски зелен договор кој е централен за нашата економија и неспоредлив во неговата амбиција“.