Пристаништето кај Одеса повторно цел на руски напади

илустрација

Руски беспилотни летала ја оштетиле пристанишната инфраструктура во областа Одеса, при што се повредени шест лица од кои три потешко, соопшти локалниот регионален гувернер Олег Кипер.

Нападот бил извршен во текот на ноќта, а оштетена е пристанишната инфраструктура во областа Измаил.

Нападот бил извршен со неколку групи дронови. Покрај пристанишната инфраструктура, оштетувања има и на други локации на цивилна инфраструктура, додаде Кипер.

Видете и ова: Нов руски ноќен напад со беспилотни летала врз Киев

На 7 септември инфраструктурата на Измаил беше исто така цел на руски напади. Тогаш беа оштетени силос за жито и административни згради.

Русија ги засили нападите врз инфраструктурата за извоз на жито во Украина во време кога се водат разговори за продолжување на договорот за жито во Црното Море што ќе овозможи непречен извоз на жито од украинските пристаништа.

Русија се откажа од договорот во јули, една година откако беше посредуван од ОН и Турција.