Како „реална активност на терен“ беше оценет денешниот како што рекоа официјален старт на изгрдбата на Коридор 8 и Коридор 10 од страна на присутните преставници на власта на кои им се приклучи и американската амбасадорка во земјава Ангела Агелер.
Со детонација на димни бомби во боја, над гостиварското село Горна Бањица се одржа свеченост на која присуствуваа вицепремиерот Артан Груби, министерот за транспорт и врски Благој Бочварски, директорот на Јавното претпријатие за државни патишта Ејуп Рустеми и претставници од фиирмата „Бехтел и Енка“ која ги изведува работите на терен.
Видете и ова: Груби- Антикорупциска доби редактирана верзија од Договорот со „Бехтел и Енка“Веќе неколку пати истите владини претставници го промовираат проектот за изградба на автопатот со кој како што велат ќе се случи поврзување на Република Северна Македонија со Европа и со регионот.
Но, уште на самиот старт овој проект го следат низа контроверзни одлуки од изборот на фирмата изведувач наработите и надзорот, договорот кој се чува во тајност, но и носењето на закон за прекувремена работа на работниците кои ќе работат на проектот. На денешната свеченост никој не ги откри ниту подизведувачите кои се избрани од страна на конзорциумот.
Видете и ова: Серија пропусти за „Бехтел и Енка“ ризик за корупција - анализа на Социетас Цивилис„До сега имаме 37 подизведувачи, 36 од нив се македонски компании. Ќе има уште многу како што ќе напредуваме со работата и навистина се радуваме што ќе можеме да работиме со локалните подизведувачи. Тоа се поединечни подизведувачи, ќе видите различни камиони“, изјави директорот на проектот Џошуа Бејкер.
Собранието во мај усвои повеќе законски измени со кои ќе им се олесни и забрза работата стратешкиот партнер за изградба на кордорите 8 и 10д, американско-турскиот конзорциум “Бехтел и Енка“, меѓу кои и измените на законот за работни односи со кои се овозможи прекувремена работа.
Американската амбасадорка Ангела Агелер која и претходно даде поддршка за проектот рече дека едвај чека да ги види резултатите од изградбата на патот.
„Сите ние минавме низ овој мал кривулест пат за да стигнеме до тука и верувам како и многу граѓани на оваа земја, ќе имаме нов, убав, широк пат по кој ќе може да се вози и благодарна сум што работите се придвижија “, рече американската амбасадорка Ангела Агелер.
Видете и ова: Агелер-Опозициските критики за „Бехтел“ се за политички поени
До сега на „Бехтел и Енка“ им се исплатени над 170 милиони евра. Договорот за изградба е таен, а според проценките на Владата изградбата на вкупна должина од околу 110 километри ќе чини 1,3 милијарди евра. Официјално, почетокот на изградбата на Коридорот 8 беше означен на свечена церемонија на 4 април, додека „камен темелник“ на Коридорот 10 Д се постави на 12 мај.