Сите земји кои сакаат да се вклучат во Европската Унија мора да ја продолжат борбата против корупцијата, изјави денеска претседателот на Комисијата за надворешни работи на германски Бундестаг Михаел Рот, пред почетокот на Конференцијата „Унапредување на Берлинскиот процес преку парламентарната демократија“, која се одржува во Собранието.
Рот даде одговор на новинарско прашање во врска со експресното усвојување на измените на Кривичниот законик, кое предизвика реакции во јавноста поради намалување на казните за носителите на јавни функции во случаите на злоупотреба на службената должност.
„Ова не е време за уцени едни кон други, има јасни очекувања од ЕУ, бидејќи пред се ние сме Унија на заеднички вредности, на заеднички пазар и сите земји кои сакаат да се вклучат во ЕУ мора да ја породолжат борбата против корупцијата“, рече Рот.
Видете и ова: Сарацин порача да не се потценува временскиот рок за уставни измениТој истакна дека не сака да навлегува во детали во однос на измените на Кривичниот законик, напомена дека ги чул и гласините во врска со амнестијата, но нагласи дека политичарите во земјава тука треба да решат за тоа. Рот порача дека „уставните измени се можеби болни, но се неопходни за да ја вратат земјата на европскиот пат“.
Германскиот парламентарец дојде во Скопје како дел од меѓународните дипломатски напори за отворање на европскиот пат на Северна Македонија и спроведување на уставните измени како услов за напредок кон ЕУ.