Фирмите и граѓаните му должат 133 милиони евра на УЈП

Управа за јавни приходи, Скопје

На листата на должници која ја објави УЈП се 5 105 фирми и граѓани кои имаат доспеани долгови до 31 мај, а не ги платиле до 31 август. Иако вкупниот долг е во нето износ од 8.210.260.105 денари или повеќе од 133 милиони евра, од УЈП посочуваат дека има намалување од речиси шест милиони евра.

На врвот на листата на должници е фирмата „СГСМ Оил Гас Сервис“ која должи 218.853.092 денари, односно над 3,5 милиони евра. Второ е Јавното комунално претпријатие Гостивар кое должи околу 2,3 милиони евра, а на трето место е „Мил Давид ДОО Скопје“ која должи 126 милиони денари.

По нив следуваат „Дивелоп Груп ДОО Скопје“, компанија во чија сопственост е хотел „Мериот“ која должи 123 милиони денари за ДДВ и данок на добивка.

Видете и ова: Државните претпријатија со долгови до „гуша“ и партиска превработеност

Меѓу најголемите пет должници е фирмата „Абира Плус ДООЕЛ“ со седиште во Куманово. Меѓу останатите најголеми должници се „Хотел Гранд ДООЕЛ Скопје“, турската „Спектра Јеотек“, од Кратово, „Блек Си Метал Трејдинг“ од Скопје, „Мак Импорт“ од Скопје и Центарот за култура од Тетово, „Иљо Антески Смок.

Долговите се по основ на ДДВ, данок на добивка, персонален данок на доход, придонеси од задолжително социјално осигурување, акцизи и царини. За физички лица вкупниот износ на долгот е повисок од 2 000 евра, а за правните лица повисок од 5 000 евра.