Москва објави победа на Единствена Русија на изборите во окупираните украински територии

илустрација

Руските власти објавија победа на партијата на Владимир Путин на изборите организирани на припоените територии на Украина, наведувајќи дека партијата освоила повеќе од 70 отсто од гласовите.

Киев смета дека изборите во тие области се незаконски.

Руската Централна изборна комисија во неделата вечерта објави дека партијата Единствена Русија води на регионалните избори организирани на четири територии припоени кон Украина.

Со изборите што траеја три дена од петок до недела на окупираните територии на исток и југ, Москва се обидува да ја легитимира анексијата во Украина.

И покрај жестоките осуди од Западот, во септември 2022 година, Русија објави анексија на четири украински територии кои се само делумно под нејзина контрола, Запорожје, Керсон, Доњецк и Луганск.

Претходно, на тие територии се одржа референдум, кој Киев и западните земји гo опишаа како лажен.

Видете и ова: Извесна победа на кандидатите на партијата на Путин на локалните избори во Русија

Борбите во тие области продолжуваат да беснеат додека Украина ја продолжува контраофанзивата започната во јуни долж фронтот долг речиси 1 000 километри.

На четирите анектирани територии, руските и проруските власти се обидоа да претстават нормална ситуација и покрај тековните конфликти.

Локални избори беа одржани и во Русија на 10 септември. Сепак, според агенцијата Франс прес не се очекуваат изненадувања бидејќи опозицијата е замолчена, а критиките за украинскиот конфликт безмилосно се задушуваат.