Од час во час се зголемуваат бројките на настрадани во земјотресот во Мароко. Последните и најнови информации кои ги сподели мароканското Министерствто за внатрешни работи, говорат за над две илјади луѓе загинати во силниот земјотрес што го погоди централниот дел на Мароко доцна на 8 септември, по локално време.
Мароканското МВР, исто така, соопшти дека најмалку 2.000 лица се повредени во земјотресот.
Најновите информации на тамошната полиција покажуваат дека засега речиси двојно се зголеми билансот на мртви и повредени.
Спасувачите сѐ уште трагаат по преживеани.
Како што јави Би-Би-Си, земјотресот погодил една третина од земјата.
Видете и ова: Над 800 жртви во земјотресот во Мароко, ЕУ најави помошИма извештаи за големи тешкотии да се стигне до оддалечените села на планините Атлас кои се сериозно погодени од земјотресот. Можеби ќе поминат денови додека спасувачите да стигнат до тие села, кои главно се состојат од стари згради.
Мароканската државна телевизија прикажа луѓе групирани на улиците на Маракеш доцна во ноќта, плашејќи се да се вратат во зградите кои можеби сѐ уште се нестабилни.
Еден човек рече дека бил во посета на блискиот стан кога почнале да паѓаат садови и ѕидни завеси. Една жена опиша дека побегнала од својата куќа откако почувствувала „интензивни вибрации“. Еден човек кој држел дете рече дека бил буден во кревет од тресењето.
Вработените во итната помош бараа преживеани во урнатините на зградите, а нивните рефлектирачки жолти елеци беа впечатливи во ноќта. Отворена дупки во домовите и автомобил речиси затрупан со делови од урната зграда, пренесуваа слики од терен локалните медиуми.
Началник на град во близина на епицентарот на земјотресот изјави за мароканскиот сајт „2М“ дека неколку домови во околните градови делумно или целосно се урнати, а на некои места се исклучени струјата и патиштата.
Видете и ова: Над 800 жртви во земјотресот во Мароко, ЕУ најави помошВластите работат на расчистување на патиштата во провинцијата Ал Хауз за да овозможат премин за амбулантни возила и помош за погодените популации.
Мароканската војска и службите за итни случаи мобилизираа напори за помош во областите погодени од штети. Локалните медиуми објавија дека патиштата што водат до планинскиот регион околу епицентарот се заглавени со возила и блокирани со урнати камења, што ги забавува спасувачките напори. Камиони натоварени со ќебиња, камп креветчиња и опрема за осветлување се упатија кон регионот, објави мароканската официјална новинска агенција МАП.
Според Геолошкиот институт на САД, земјотресот се случил нешто по 23 часот по локално време, на релативно мала длабочина од 71 километар југозападно од Маракеш.
Најсмртоносниот земјотрес по 2004 година
Земјотресот во петокот вечерта на 8 септември беше најсмртоносниот што го погоди Мароко, по земјотресот во Ал Хосеима во 2004 година. Тоа се случи во раните утрински часови на 24 февруари во близина на градот на брегот на Средоземното Море.
Имаше помала магнитуда, 6,3 степени во однос на синоќешните 6,8 степени, но, сепак загинаа повеќе од 600 луѓе, а повеќе од 900 беа повредени. До 15.000 луѓе останаа без покрив над главата.
Најсмртоносниот и најразорниот земјотрес во историјата на Мароко се случи на 29 февруари 1960 година. Тоа се случи во близина на градот Агадир на западниот брег на земјата, при што загинаа повеќе од 12.000 луѓе, а најмалку 35.000 останаа без домови.
Видете и ова: МНР: Двајца Македонски државјани евакуирани во камп по земјотресот во МарокоИмаше релативно умерена магнитуда од 5,8 степени, но неговата плитка длабочина, близината до Агадир и квалитетот на градбата во градот го направија неговото влијание разорно.
Земјотресот доведе до промени во мароканските градежни правила, но, многу згради, особено руралните куќи како што се најтешко погодените на 8 септември 2023 година, не беа изградени за да издржат такви земјотреси.
Земјотресот од 8 септември го почувствуваа дури и луѓето на Канарските острови во близина на брегот на Мароко и во Алжир, неговиот источен сосед.
Поддршка и најавена помош од ЕУ
Лидерите на европските институции изразија сочувство најавија дека Унијата е подготвена да и помогне на оваа африканска држава за справување со последиците од потресот, во кој според последните податоци загинале најмалку 632 лица.
Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен на платформата „Х“ напиша дека нејзините мисли се со семејствата на жртвите од земјотресот. Таа додаде дека им посакува брзо заздравување на повредените и им оддаде признание на спасувачките тимови, кои ги опиша како „првите што реагираа и вршат восхитувачка работа“.
Видете и ова: ЕУ ќе му помогне на Мароко по катастрофалниот земјотрес, вели МишелВисокиот претставник на ЕУ за надворешна политика и безбедност, Жозеп Борел објави дека ЕУ е подготвена да му обезбеди на Мароко секаква помош што му е потребна.
„Моите мисли се со мароканскиот народ, погоден од страшен земјотрес кој ја потресе земјата во текот на ноќта, предизвикувајќи стотици жртви“, напиша Борел на платформата „Х“.
И претседателот на Европскиот совет Шарл Мишел најави дека ЕУ е подготвена да му помогне на Мароко.
Сочувство од светските лидери
Францускиот претседател Емануел Макрон рече дека е „уништен“ од веста и додаде дека неговата земја е „подготвена да помогне во обезбедувањето прва помош“.
Шпанскиот премиер Педро Санчез напиша на „X“ дека ја нуди целата негова солидарност и поддршка за народот на Мароко по страшниот земјотрес.
Турскиот претседател, Реџеп Таип Ердоган, исто така, изрази сочувство до мароканскиот народ, додавајќи дека неговата земја која и самата беше погодена од силен земјотрес претходно оваа година е подготвена да понуди поддршка.
Украинскиот претседател Володимир Зеленски ја изрази својата солидарност со Мароко, испраќајќи му на Мароко своето „најдлабоко сочувство“.
Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху „даде инструкции да му се обезбеди сета потребна помош на мароканскиот народ“, се вели во соопштението за печатот од неговиот кабинет.
И Африканската унија ја изрази својата „голема болка“ поради „трагичните последици“ од земјотресот.