Сопственикот на Тесла, Спејс Икс и социјалната мрежа X (поранешен Твитер), Илон Маск, потврди дека одбил да ја активира својата сателитска комуникациска мрежа Старлинк во близина на брегот на Крим, со цел да изврши таен украински напад со беспилотни подморници врз руската поморска флота.
Минатата година беше побарано да им нареди на своите инженери да го активираат Старлинк.
Во новата биографија на Илон Маск, авторот Волтер Ајзаксон напиша дека Маск наредил да се исклучи неговата сателитска комуникациска мрежа Старлинк за да се спречи напад на украинските пловни објекти.
Видете и ова: Руски напади на родниот град на украинскиот претседател ЗеленскиВо биографијата, која треба да биде објавена на 12 септември, а чии делови беа пренесени од Си-Ен-Ен, Ајзаксон вели дека подморските беспилотни летала „изгубиле контакт“ додека се приближувале до руската флота и дека Маск ги одбил барањата за повторно вклучување на сателитската врска - од страв, поттикнат од неговите разговори со високи руски функционери, дека рускиот претседател Владимир Путин на тој напад ќе одговори со нуклеарно оружје.
Ниту Маск, ниту Ајсаксон не одговорија на барањата на Си-Ен-ЕН за коментар.
Маск: Старлинк воопшто и не беше вклучен
Сепак, на 8 септември, Маск напиша на својот социјален медиум „X“ дека има итно барање од владините власти да се активира Starlink сè до Севастопол.
„Очигледната намера (беше) да се потоне најголемиот дел од руската флота“, вели Маск.
Видете и ова: Како Starlink на Илон Маск стана непроценлив за воените напори на УкраинаТој, сепак, тврдеше дека не наредил исклучување на мрежата, како што се тврди во биографијата, туку дека не сакал да ја стартува, бидејќи во тој момент не ни работела во таа област.
„Двете страни треба да се согласат на примирје. Секој ден се повеќе украински и руски млади умираат за да добијат или загубат мали парчиња земја, а границите едвај се менуваат“, напиша Маск во друга порака на 8 септември.
Официјални лица во Киев луто реагираа на објавувањето на приказната за неуспехот на Маск да ги нападне руските сили.
Високиот советник на претседателот Володомир Зеленски, Михајл Подољак, го обвини Маск за предизвикување убиства на деца.
„Понекогаш грешката е многу повеќе од едноставна грешка. Со тоа што не дозволи украинските беспилотни летала да уништат дел од руската воена флота со заглавување на Старлинк, Илон Маск и дозволи на оваа флота да истрела ракети „Калибр“ кон украинските градови. Поради ова страдаат цивилите, децата, ова е цената на коктел на незнаење и големо его“, напиша Подољак на X.
Книгата на Ајсаксон за Маск, кој е автор и на познатите биографии за Стив Џобс и Алберт Ајнштајн, ќе биде објавена на 12 септември.