Земјотрес во Мароко: Стотици мртви и повредени

Повеќе од 600 луѓе загинаа во силниот земјотрес што го погоди центарот на Мароко доцна на 8 септември по локално време, соопшти Министерството за внатрешни работи на земјата.

Во извештајот на тамошното МВР, објавен утрото на 9 септември по средноевропско време, се наведува дека загинале 632 лица, а 329 се повредени.

Според Министерството, 51 од повредените се во критична состојба по земјотресот.

Има извештаи за големи тешкотии да се стигне до оддалечените села на планините Атлас кои се сериозно погодени од земјотресот.

Се вели дека многу луѓе загинале во тешко достапните планински области.

Земјотресот со јачина од 6,8 ги извади луѓето на улиците во Маракеш и другите градови, главно јужно од Маракеш, кој е популарна туристичка дестинација.

Според Геолошкиот институт на САД, земјотресот се случил нешто по 23 часот по локално време, на релативно мала длабочина од 71 километар југозападно од Маракеш.