Русија „мора да ја запре“ блокадата на украинските поморски пристаништа, рече претседателот на Европскиот совет, Шарл Мишел. Тој во забелешките пред Самиот на Г20 во Њу Делхи, Индија, ги нарече неодамнешните напади на Москва врз украинските пристаништа „скандалозни“.
Русија се повлече од договорот за извоз на жито со посредство на Обединетите нации и Турција во јули, откако тврдеше дека договорот не ја исполнил целта за ублажување на гладот во Африка. Оттогаш се создадоа тензии во регионот, при што Русија ги засили нападите врз украинските извозни центри, а силите на Киев ги гаѓаа московските поморски пристаништа и воени бродови. Украина и Русија се главни извозници на жито и масло од семиња.
Кремљ побара од Турција да и помогне на Русија да го извезе своето жито во африканските земји без никакво учество од Украина.
„Над 250 милиони луѓе ширум светот се соочуваат со акутен недостиг на храна, а со намерното напаѓање на украинските пристаништа, Кремљ им ја лишува храната што очајно им е потребна“, додаде Мишел.
Вашиот пребарувач не подржува HTML5
Лидерите на Групата 20 (Г20) почнаа да пристигнуваат на самит во Њу Делхи на 8 септември, со надеж дека ќе постигнат напредок во прашањата за трговијата, климата и низа други глобални прашања и покрај отсуството на претседателите на Кина и Русија.
По финансиската криза од 2008 година, Г20 требаше да биде алатка за управување со глобалната економија.
Самитот ќе се одржи на 9 и 10 септември.