Вредноста на берзанските индекси „S&P 500“ и „Nasdaq“ на 7 септември е намалена, пред се поради падот на акциите на Apple по најавата за ограничувања од страна на кинеските власти за користење на iPhone.
Акциите на Apple паднаа за 3,3 отсто, втор ден по ред поради веста дека Кина ги прошири ограничувањата за користење на iPhone од страна на државните службеници, барајќи од вработените во одредени владини агенции да престанат да ги користат своите мобилни телефони на работа.
Блумберг во четвртокот објави дека Кина планира да ја прошири забраната за iPhone на државни фирми и агенции.
Акциите на добавувачите на Apple, вклучувајќи ги Skyworks Solutions, Qualcomm и Qorvo, паднаа меѓу 7,1 и 7,6 отсто.
Видете и ова: Руско министерство забарани употреба на ајфон и ајпедПазарната вредност на компаниите Тесла, Нвидија и Нетфликс е во минус меѓу 1,4 и 3,1 отсто.
Индексот на информатичката технологија S&P 500 падна за 1,9 отсто.
Бројот на Американци кои поднеле барање за невработеност падна на 216.000 во минатата неделата што заврши на 2 септември, што е најниско ниво од февруари, според извештајот на Министерството за труд. Ова ја поттикнува загриженоста дека каматните стапки ќе останат покачени подолго време.
Очекувањата дека Федералните резерви се приближуваат кон крајот на циклусот на зголемување на каматните стапки беа пригушени во последните денови поради податоците дека американската економија е посилна од очекуваното.