Рускиот суд казни медиум поради објавување текстови за антивоени протести

илустрација

Судот во рускиот град Екатеринбург го казни весникот „Вечерние ведомости“ со 245 000 рубљи (околу 2 500 долари) поради „дискредитација“ на руската војска.

Медиумот на 7 септември објави дека е казнет поради 15 текстови за антивоени протести објавени помеѓу 24 и 26 февруари 2022 година, првите денови од руската инвазија на Украина.

Весникот и претходно беше казнет за истите текстови, за кои вели дека се „само факти“ и се објавени пред да стапи на сила законот за криминализирање на дискредитирање на руската војска.

Законот беше усвоен откако Москва испрати војници во Украина и редовно се користи против критичарите на Кремљ.

„Во тие публикации немаше мислења, немаше поплаки од самите уредници имаше само факти. Да речеме, за тоа како луѓето излегоа на плоштадот, скандираа нешто, покажуваа постери со пацифистичка содржина“, рече адвокатот Георги Краснов, кој го застапува медиумот во Судот.

Видете и ова: Руски војници држени во јами и визби зошто одбиле да се борат во Украина

На почетокот на јули 2022 година, основачот на весникот Вечерње Ведомости, Техноторг ДОО, беше казнет со 150 000 рубљи по текст за „дискредитација“ за фотографија на налепници „GruZ200“ и „PiZdets“, кои уметникот Леонид Черни ги залепи во Екатеринбург.

Кон крајот на јуни, Техноторг беше казнет со 200 000 рубљи за објавување за протести во февруари 2022 година. Кон крајот на јули, Постников, главниот уредник на изданието, беше казнет со 100 000 рубли за истиот текст за „дискредитација“ на руската војска.