По смртта на тинејџер во близина на Париз, француската влада повикува на смиреност

Протести во Париз откако 17-годишник со северноафриканско потекло, беше застрелан од полицаец

Француската Влада денеска апелираше за мир по смртта на 16-годишното момче на мотор, кое по потера се судри со полициски автомобил во близина на Париз и почина во болница.

Откако пред нешто повеќе од два месеци смртта на 17-годишник со северноафриканско потекло, кој беше застрелан од полицаец во предградие на Париз, доведе до протести и грабежи низ Франција, владата во Париз се соочува со уште една сличен инцидент, поради што повикува на мир.

Видете и ова: Над илјада уапсени во немирите во Франција

Обвинителите сега ги истражуваат полициските тврдења дека 16-годишникот, чие потекло не е откриено, вчера одбил да го запре својот мотор додека возел на тротоар, по што удрил во полициско возило на раскрсница.

Двајца полицајци се приведени до завршување на истрагата за убиство од небрежност.

Последните немири во Франција избувнаа во јули откако во париското предградие Нантер полицаец смртно го застрела 17-годишниот Наел М.

Неговата смрт повторно го разгоре незадоволството кај сиромашните, мешани урбани заедници кои се жалат на полициска бруталност и на расизам. Полицаецот кој пукаше во момчето е обвинет за убиство.