Азербејџан трупа воена сила на границата со Ерменија и на демаркационата линија со Нагорно Карабах, изјави ерменскиот премиер Никол Пашинјан на состанокот на владата, опишувајќи ја ситуацијата како експлозивна.
„Во изминатава недела воено-политичката состојба во нашиот регион се влоши. Тоа е затоа што Азербејџан во последните денови масовно трупа војска долж линијата за одвојување во Нагорно-Карабах и на границата меѓу Ерменија и Азербејџан. Антиерменската реторика и говорот на омраза се засилени во азербејџанскиот печат и на пропагандните платформи,“ изјави ерменскиот премиер.
Видете и ова: Лидерот на Нагорно-Карабах бара меѓународна помош за укинување на блокадата на коридорот ЛачинПашинјан ја повика Меѓународната заедница и земјите-членки на Советот за безбедност на ОН да преземат сериозни чекори за да спречат нова експлозија на тензии во регионот.
Тој уверува дека Ерменија е подготвена и сака да потпише мировен договор со Азербејџан и дека е посветена на глобалната агенда врз основа на договорите потпишани во Брисел и Прага, како и на трипартитниот договор меѓу лидерите на Ерменија, Азербејџан и Русија, пренесува ТАСС.
Ерменија и Азербејџан се во конфликт од 2020 година за контрола на регионот Нагорно-Карабах. Конфликтот заврши со мировен договор со кој се призна победата на азербејџанските сили. Договорот е постигнат со помош на Русија.
Оттогаш руски војници се стационирани во Нагорно Карабах, но Ерменија веќе неколку месеци реагира за „нивна неефикасност“. Нагорно-Карабах (претежно ерменска територија) се отцепи од Азербејџан, што доведе до војна во која загинаа околу 30 000 лица во 1990-тите.