Државата продаде дел од становите на Мијалков

Сашо Мијалков во суд за Таргет - Тврдина

Државата продаде два стана и земјиште кои беа во сопственост на поранешниот шеф на Управата за безбедност и контраразузнавање Сашо Мијалков откако Агенцијата за управување со одземен имот му ги одзема поради правосилност на пресудата за случајот Империја.

Во случајот „Империја“, Сашо Мијалков призна вина и се спогоди со Обвинтелството, а казната беше три години затвор и одземање на имот вреден околу 30 милиони евра, меѓу кои 25 станови и парцелата до хотелот Мериот.

Становите се продадени за 244 илјади евра, соопштија од Агенцијата.

„Станува збор занедвижности кои согласно правосилната судска предуда КОК - ПП бр. 283/2022 се одземени од Сашо Мијалков. Реализираните парични средства од продажбата ќе го зголемат државниот буџет во вкупен износ од 15.000.500 денари или 244 000 евра“, информираат од Агенцијата.

Видете и ова: Дел од запленетиот имот на Мијалков на лицитација


Агенцијата за управување со одземен имот во август годинава објави оглас на кој беа понудени дел од конфискуваните недвижнини од Сашо Мијалков за случајот „Империја“, а наддавањето беше закажано за 25 август.

Инфографика - За кој запленет имот на Сашо Мијалков ќе се лицитира на 25 август 2023


Претходно, во јули годинава на аукција на берза беа ставени запленети акции на Мијалков.

Во случајот „Империја“, Сашо Мијалков призна вина и се спогоди со Обвинтелството, а казната беше три години затвор и одземање на имот вреден околу 30 милиони евра, меѓу кои 25 станови и парцелата до хотелот Мериот.