Косовскиот премиер Албин Курти ги обвини „сојузниците на Русија“ дека со дезинформации и други злонамерни однесувања во сајбер зоната влијаат врз процесот на нормализација на односите меѓу Косово и Србија.
За време на самитот „Отворено владино партнерство“ во Талин, Естонија, Курти рече дека овие акции на Косово се интензивираат.
„Во Косово видливи и засилени се напорите на руските сојузници за искривување на вистината, минатото и сегашноста. Во чувствително време, кога нашата земја е посветена на процесот со посредство на Европската Унија и Соединетите Држави за нормализација на односите со нашиот северен сосед Србија, но и за целосно вклучување на малцинството во демократските процеси на државата, без влијание од странство, особено се дефинираат овие сајбер закани, како што се дезинформации, сајбер малтретирање и други форми“, рече Курти.
Властите во Косово дури и во минатото ја обвинуваа Русија дека ја турка својата сојузничка Србија да поттикне тензии на Косово, односно на северот каде живее српското мнозинство. Сепак, Кремљ ги отфрли овие тврдења.
Видете и ова: Косово издаде административно упатство како може да се сменат градоначалницитеИсто така, САД и ЕУ постојано предупредуваа за руското влијание на Западен Балкан.
Во претходниот извештај на Косовскиот центар за безбедносни студии се наведува дека влијанието на Русија на Косово може да се толкува како „злонамерно“ и „непријателско“. Сепак, во извештајот се наведува дека операциите на руското влијание се „во голема мера ограничени на косовските Срби“.
Коментарите на Курти на 6 септември следуваат неколку дена откако косовската претседателка Вјоса Османи, без да обезбеди докази, рече дека Србија има намера да спроведе план сличен на оној што Русија го спроведе во Украина во 2014 година.
Таа се осврна на нелегалната анексија на Крим и поддршката на проруските сепаратисти во нивната борба против украинските сили во источниот регион Донбас.
Од 2011 година Косово и Србија водат дијалог за целосна нормализација на односите, со посредство на Европската унија. Нова рунда дијалог се очекува да се одржи на 14 септември, по неколкумесечните зголемени тензии меѓу двете земји.
Тензиите се зголемија на крајот на февруари во северно Косово, бидејќи српските жители кои живеат во областа се спротивставија на новите албански градоначалници. Централните власти неодамна презедоа чекори за да дозволат смена на општинските градоначалници со петиција.