Поранешниот лидер на десничарската организација „Горди момчиња“, Енрике Тарио, во вторник беше осуден на 22 години затвор, во судскиот процес што се водеше против него за неговата улога во нападот врз седиштето на американскиот Конгрес на 6 јануари 2021 година.
Ова е најдолгата затворска казна некогаш изречена за напад на Капитол.
Тарио претходно беше прогласен за виновен за неколку злосторства, како што е заговорен бунт, како и неговата улога во планирањето на нападот на Капитол, кога група поддржувачи на поранешниот американски претседател Доналд Трамп се обидоа насилно да го спречат Конгресот да ја потврди изборната победа на актуелниот претседател Џо Бајден.
Обвинителите побараа од судијата Тимоти Кели да го осуди Тарио на 33 години затвор. Тој не бил во Вашингтон на денот на насилната инвазија на Конгресот, бидејќи му била изречена судска забрана. Обвинителите тврдат дека наместо тоа, го координирал нападот од Балтимор Сити.
Одбраната, пак, побара значително полесна казна.
Видете и ова: Организаторот на нападот на американскиот Конгрес доби 17 години затворМинатата недела судијата Кели осуди еден од водачите на екстремно десничарската група Итан Нордеан на 18 години затвор, девет помалку отколку што бараа обвинителите.
Пред пресудата на Тари, тоа беше најдолгата затворска казна изречена на еден од сторителите на нападот.
Пред него, во мај на истата затворска казна беше осуден Стјуарт Роудс, основачот на ултрадесничарската организација „Чувари на заклетвата“.
Повеќе од 1 100 лица се уапсени под обвинение за нападот во Капитол, а најмалку 630 ја признаа вината. Од нив 110 се осудени во судска постапка.
Во нападот на Капитол во јануари 2021 година, за време или непосредно по немирите, загинаа пет лица - вклучително и еден полицаец. Повеќе од 140 припадници на силите за спроведување на законот беа повредени, а седиштето на американскиот Конгрес претрпе штета од милиони долари.