Предлог декларацијата за Илинден на денешната собраниска седница

Споменикот на АСНОМ во Скопје

Предлог на декларација по повод сто и дваесет годишнината од Илинденското Востание и Крушевската Република, е на дневниот ред на денешната 125. седница на Собранието на Република Северна Македонија.

СДСМ ја поднесе Декларацијата за Илинден, неколку дена пред најголемиот македонски државен празник.

Пратеникот и портпарол на СДСМ Дарко Каевски тогаш изјави дека очекува сите пратеници без разлика од која партија доаѓаат, да ја поддржат и таа да биде усвоена од македонското Собрание.

Видете и ова: СДСМ поднесе Декларација за Илинден и ги повика пратениците да ја поддржат

Најавата за донесување на Декларација во пресрет на празнувањето на 120 годишнината од Илинденското Востание дојде веднаш по веста за бугарското Собрание за, како што е наречна „Декларација за Илинденското-Преображенско востание“ предложена од пратеници.

Станува збор за говор на тројца пратеници во Собранието за одбележување на годишнината од, како што тие го нарекуваат, Илинденско -преображенско востание кое Бугарија го одбележува на 20-ти јули.

На 2 август се одбележуваат годишнините од почетокот на Илинденското востание, кренато во 1903 и заседанието на АСНОМ во 1944, кога биле поставени столбовите на државност.