Украина во понеделникот соопшти дека руски беспилотни летала се урнале и детонирале на територијата на Романија, земја членка на НАТО за време на нападот на украинската пристанишна инфраструктура на реката Дунав, но Букурешт категорично ја демантираше информацијата.
Москва редовно изведува воздушни напади со долг дострел врз цели во Украина, која граничи со Романија.
Според податоците на Украинската државна гранична служба, во неделата вечерта, при масовен руски напад во близина на пристаништето Измаил, руски „Шахеди“ паднал и се активирал на територијата на Романија“, напиша на Фејсбук портпаролот на украинското Министерство за надворешни работи, Олег Николенко.
„Ова е уште една потврда дека рускиот ракетен терор претставува огромна закана не само за безбедноста на Украина, туку и за безбедноста на соседните земји, вклучително и земјите-членки на НАТО“, рече тој.
Романските власти „категорично негираат“ дека руски беспилотни летала паднале на нејзина територија.
Видете и ова: Русија го нападна украинското пристаниште ИзмаилМинистерството за одбрана соопшти дека ја следело „во реално време ситуацијата предизвикана од нападите со руски беспилотни летала“.
„Категорично негираме дека руски беспилотни летала паднале на националната територија на Романија“.
НАТО има обврска за колективна одбрана според која воената алијанса нападот врз еден сојузник го смета за напад врз сите сојузници, потсетува агенцијата Ројтерс.
Николенко објави фотографија на која се гледа пламенот од експлозијата на спротивниот брег на реката Дунав, линијата на поделба меѓу украинскиот регион Одеса и романската територија.
Извор од украинската индустрија изјави за Ројтерс дека два руски беспилотни летала паднале на романска страна.
Началникот на Генералштабот на украинскиот претседател рече дека инцидентот ја покажува потребата од зголемување на залихите на модерна противвоздушна одбрана и оружје со долг дострел за да се лиши Русија од можноста да лансира беспилотни летала и ракети.