Пожари во Штип и Зелениково, активирани хеликоптери

Илустративна фотографија.

Службите вечерва гаснат пожари во штипското село Пиперово и во Зелениково. Одделот за воздухопловни единици на МВР добил барање од Центарот за управување со кризи (ЦУК) за гасење на пожарот кај селото Пиперево, по што упатиле хеликоптер Бел-212 и во координирано постапување со пожарникарите од Територијалната противпожарна единица, пожарот бил локализиран.

Во Пиперово била спасена свињарската фарма од огнените јазици кои се приближувале до објектот, вели командирот на ТППЕ- Штип, Дарко Коцев, пренесува МИА.

Вториот пожар е на територијата на Општина Зелениково, во атарот на село Гумалево.

Видете и ова: Пожар во близина на ОХИС, пожарникарите брзо реагирале

Како што информираат од Центарот за управување со кризи, еден полициски хеликоптер и еден Ер трактор на ДЗС се подготвуваат за полетување.

Во гаснењето на пожарот во Пипееово ангажирани се 15 пожарникари и четири возила, а од воздух дејствува и полицискиот хеликоптер, велат од ЦУК.

Коцев посочи дека сега се гаси шума. Според негова проценка зафатени се околу 150 хектари. На терен остануваат до локализирање на пожарот, кој е во атарот на штипското село Пиперово.

Директорот на ЦУК, Стојанче Ангелов информира дека бидејки пожарот е во близина на браната Мантово, хеликоптерот на МВР направил повеќе успешни и прецизни налети