Иран осуди две новинарки на затвор

Новинарските Елназ Мохамади и Негин Багери.

Двајца ирански новинарки ќе поминат околу еден месец зад решетки, како дел од тригодишната делумно условна затворска казна за „заговор“, објавија локалните медиуми на 3 септември, пренесува АФП.

Негин Багери и Елназ Мохамади ќе поминат околу еден месец во затвор, изјави нивниот адвокат Амир Раисиан во изјава за реформистичкиот дневен весник Хам Михан.

Како што рече, преостанатиот рок од казната е условен во следните пет години.

„Во тој период од нив ќе се бара да посетуваат курс за „професионална етика“ и „им е забрането да ја напуштаат државата“, додаде адвокатот.

Раисијан не појасни дали пресудата може да се обжали, додека деталите од обвинението против новинарките не се познати.

Вашиот пребарувач не подржува HTML5

Иранки протестираат со танцување против апсењето на славен пејач

Сестрата на Елназ Мохамади, Елахе, која работи за весникот Хам Михана, е во затвор од септември 2022 година, откако го покриваше погребот на 22-годишната Махса Амини, која почина во полициски притвор.

Амини, која беше уапсена за време на посетата на Техеран за наводно кршење на законот за задолжителна шамија во земјата, почина на 16 септември 2022 година, во полициски притвор.

Нејзиното семејство и поддржувачите го отфрлија официјалното објаснување, велејќи дека сведоците виделе како ја тепале за време на нејзиното апсење.

Видете и ова: Иран кривично гони поп ѕвезда поради песна против хиџаб

Смртта на Махса Амини поттикна илјадници Иранци да излезат на улиците низ земјата за да бараат повеќе слободи и права за жените. Широките немири, кои продолжуваат, претставуваат најголема закана за исламската влада од револуцијата во 1979 година.

Иранска група за човекови права со седиште во Норвешка соопшти дека во немирите загинале најмалку 587 луѓе, меѓу кои и десетици деца.

Локалните медиуми минатиот месец објавија дека властите во Иран испрашале или уапсиле повеќе од 90 новинари.

Владата, плашејќи се од избувнување на протести пред годишнината од смртта на Махса Амини на 16 септември, ја засили својата акција против активистите и семејствата убиени во протестите.