ИПАРД 3 - Нови 97 милиони ерва од ЕУ за модернизација на земјоделствто

Македонско знаме и знамето на ЕУ

Северна Македонија има на располагање нови 97 милиони евра со ИПАРД 3 програмата за модернизација на македонското земјоделство, што е зголемување од 37 милиони евра во однос на ИПАРД 2 програмата со која земјата имаше на располагање 60 милиони евра, објави денеска премиерот Димитар Ковачевски.

Премиерот Ковачевски денеска го означи почетокот на новата ИПАРД 3 програма, заедно со Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Љупчо Николовски. ИПАРД е фонд на Европската унија за поддршка и развојот на земјоделството, а Ковачевски додаде дека зголемувањетео на средствата во ИПАРД 3 програмата е заради што земјата има голема искористеност во ИПАРД 2.

„Го објавивме последниот повик од ИПАРД 2 програмата од 8,8 милиони евра - програма којашто има цел да се инвестира дома, со што целосно се реализира програмата, без ниту еден денар вратен назад кон Европската унија. Што значи сите финансиски средства ќе бидат искористени и пласирани во нашето земјоделство“, рече Ковачевски.

Со ИПАРД 2 програмата Северна Македонија има највиско ниво искористеност од сите земји кандидатки за членство во ЕУ - беа беа склучеи 2.369 договори со земјоделци, рече Ковачевски.

Видете и ова: Северна Македонија под лупа на истражителите на ОЛАФ за злоупотреба на европски пари

Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Љупчо Николовски изјави дека е објавен првиот јавен повик од ИПАРД 3 програмата, со што официјално Северна Македонија е прва земја која започнува со оваа програма.

„30 милиони евра европски пари се на располагање од денес до први ноември во македонскиот агросектор. Ниту една друга земја не успеа во 2023 година да ја почне ИПАРД 3 програмата“, рече Николовски.

Тој додека овие средства се можност за изградба на нови фарми, оранжерии, обејкит за земјоделска механизација, за преработка, системи за наводнување и друго.

Но, трошењето на парите на Европската унија во земјава исто така е под лупа на Европската канцеларија за борба против измами (ОЛАФ). Радио Слободна Европа во јули оваа година објави дека токму ИПАРД фондовите се најризична област за можни злоупотреби, според тврдења на домашни извори вклучени во истрагата.

Канцеларијата која е одговорна за ревизија на фондовите за земјите-членки на Европската унија и другите земји корисници на овие фондови (ОЛАФ), отворила 36 истраги за земјите од Западен Балкан, но половина од нив се токму истраги за злоупотреби во Република Северна Македонија.

Видете и ова: ЕУ фондовите се можност за економски раст, но нема кадар и проекти

Истрагите се спроведувани во изминатите 5 години, а според податоците објавени во годишните извештаи на ОЛАФ, земја со најголем број истраги започнати на Западен Балкан е Северна Македонија.

„Од започнатите истраги, ОЛАФ достави седум препораки до европските институции и македонските власти“, се вели во известувањето од ОЛАФ.

Според извештаите на ОЛАФ од 18 истраги за пет години, 7 се затворени. Во 2021 година отворени се најмногу или 8 истраги за евентуални злоупотреби на европски пари. Три од овие истраги се затворени со имплементација на препораките на ОЛАФ. Минатата година биле отворени, 4 а затворени 3 истраги.

Од Министерството за земјоделство тогаш рекоа дека истрагите кои ги води ОЛАФ се редовна процедура по пријави, но тоа не значи дека отворените случаи кои се под истрага, секогаш мора да завршат со утврдени неправилности.

„Без разлика на бројот на отворени истраги, тие не значат дека системот не функционира. Сметаме дека нема потреба да се носат избрзани заклучоци. Кога зборуваме за ИПАРД секогаш го потенцираме огромниот успех кој го постигна Северна Македонија и се искачи на лидерско место во регионот на Западен Балкан“, велат од Министерството за земјоделство.