Утрото на 3 септември Русија изврши напад со беспилотни летала на јужните делови на регионот Одеса, погодувајќи ја пристанишната инфраструктура на Дунав, a дека повредени се најмалку две лица, објавија украинските воздухопловни сили на платформата Телеграм.
Нападот, како што соопшти Киев, траел три и пол часа. „Украинските системи за противвоздушна одбрана соборија 22 од 25 беспилотни летала Шахед од иранско производство, со кои Русија ја нападна Одеса“, се вели во соопштението, пренесува Ројтерс.
Украинската јужна воена команда на социјалните мрежи објави дека најмалку двајца цивили се повредени во напад на, како што ја опиша, „цивилната инфраструктура на Дунав“.
Видете и ова: Русија предупреди дека јапонската „милитаризација“ ја комплицира ситуацијата во АзијаДунав стана главна рута за извоз на жито на Украина по пропаѓањето на претходниот договор спонзориран од Обединетите нации во јули, кој му дозволи на Киев да го транспортира своето жито преку Црното Море.
Не беа објавени детали за тоа кој пристанишен објект е погоден, а војската соопшти дека по нападот избувнал пожар, кој брзо бил изгаснат. Русија веднаш не го коментираше инцидентот.
Воените власти на Украина, исто така, објавија дека вечерта на 2 септември најмалку едно лице загинало, а шест се ранети во руско гранатирање во североисточниот регион Суми во Украина. Артилерискиот напад предизвика неколку експлозии во кои беа оштетени куќи и возила.
Во исто време, заменик-претседателот на рускиот Совет за безбедност, Дмитриј Медведев, тврди дека околу 280.000 луѓе се пријавиле за професионална служба во руската армија оваа година.
Минатата година Москва објави план за зголемување на бројот на војници за повеќе од 30 отсто, амбициозна задача отежната од големите руски загуби во војната во Украина.