Русија предупреди дека јапонската „милитаризација“ ја комплицира ситуацијата во Азија

Кунашир, еден од четирите острови познати како Курилски острови во Русија и како северни територии во Јапонија.

Јапонската „милитаризација“ ја комплицира ситуацијата во азиско-пацифичкиот регион, изјави на 3 септември заменик-претседателот на рускиот Совет за безбедност и поранешен претседател Дмитриј Медведев.

Русија и Јапонија имаат сложени односи обележани со децениски територијални спорови за неколку мали острови под контрола на Русија кај Хокаидо кои Москва ги нарекува јужни Курили, но Јапонија тврди дека се нејзини северни територии.

Спорот околу областа ги спречи Токио и Москва да постигнат мировен договор со кој официјално ќе завршат непријателствата од Втората светска војна.

Видете и ова: Северна Кореја истрела крстосувачки ракети кон море

„За жалење е што јапонските власти го следат курсот кон нова милитаризација на земјата. Воени вежби се одржуваат во близина на Курилските острови, што сериозно ја комплицира ситуацијата во азиско-пацифичкиот регион“, рече Медведев, пренесува руската новинска агенција ТАСС.

Јапонското Министерство за надворешни работи и Кабинетот на премиерот не можеа да бидат контактирани за коментар.

Оваа година, ден по капитулацијата на Јапонија во Втората светска војна, Русија одлучи да го прогласи 3 септември за ден на победата над милитаристичка Јапонија“.