Украинскиот претседател Володимир Зеленски ги отфрли критиките за бавното темпо на речиси тримесечната контраофанзива на Киев за враќање на територијата окупирана од Русија.
„Украинските сили одат напред. И покрај се, и што и да каже некој, ние напредуваме и тоа е најважно“, напиша Зеленски на Телеграм.
„Ние сме на потег“, додаде тој.
Видете и ова: Украина - Неодамнешниот напад на рускиот аеродром беше од сопствена територијаКоментарите дојдоа откако неидентификувани американски официјални лица изразија фрустрација од напредокот на украинската контраофанзива, поддржана од западна воена опрема и обука.
По критиките, американските власти и британското разузнавање забележаа напредување на украинските сили во обидите да ја пробијат силно утврдената руска одбрана во југоисточниот дел на Украина.
На 1 септември, САД соопштија дека украинските сили постигнале напредок во регионот Запорожје во последните денови.