Преку ден топло, вечер дожд и намалени температури

Топло време во Скопје.

Времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност, а од вечерните часови облачноста ќе се зголеми и во текот на ноќта ќе има локален дожд. Ќе дува слаб ветер од северен правец, кој кон крајот на денот долж Повардарието ќе засилува, информираат од УХМР.

Минималната температура ќе биде во интервал од 10 до 18, а максималната ќе достигне од 28 до 35 степени. Индексот на ултравиолетово зрачење ќе биде 7.

Во Скопје сончево, попладне со умерена, а кон крајот на денот со значителна облачност облачност. Ќе дува слаб до умерен северен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 14, а максималната ќе достигне 33 степени.


Под влијание на влажен бран во ноќните часови и утре времето ќе биде променливо облачно и свежо со повремени врнежи од дожд, кои на места ќе бидат поројни и проследени со грмежи. Ќе дува засилен северен ветер (над 60км/ч.) што ќе услови значително намалување на дневната температура за пет до осум степени.