Украинското воено разузнавање на 1 септември соопшти дека неодамнешниот напад со беспилотно летало на аеродром во северозападна Русија, во кој беа оштетени неколку транспортни авиони, бил извршен од руска територија.
Нападот оваа недела на аеродромот Псков, на околу 700 километри од Украина, го означи последниот напад на руска територија откако Киев во јули вети дека ќе го „врати“ конфликтот во Москва.
Видете и ова: Русија тврди дека спречила три напади на Кримскиот мост„Четири руски воени транспортни авиони ИЛ-76 беа погодени како резултат на нападот. Два беа уништени, а два сериозно оштетени“, изјави шефот на украинската разузнавачка служба Кирило Буданов.
Кремљ оваа недела соопшти дека воени експерти работат на откривање на кои рути се движат беспилотните летала со цел „да се спречат такви ситуации во иднина“.
Запрашан за украинските тврдења во петокот, портпаролот на Кремљ Дмитриј Песков одби да коментира и наместо тоа ги одложи прашањата до Министерството за одбрана.