Јавното обвинителство денеска соопшти дека во текот на вчерашниот ден по судска наредба и насоки на јавен обвинител, полицијата извршила претреси на Клиниката за окологија и уште на две локации во приватни станови во Скопје.
Полицијата одземала компјутери, компјутерски податоци и друга документација, кои ќе бидат предмет на анализа и вештачење.
„Основното јавно обвинителство Скопје и Министерството за внатрешни работи продолжуваат да преземаат дејствија во предистражна постапка, поведена врз основа на наводите во новинарски текстови на еден неделник поврзани со работата на Клиниката. Проверките се прават со цел обезбедување докази за да се испитаат евентуални обележја на кривично дело“, се вели во соопштението на Јавносто обвинителство.
Видете и ова: ОЈО и МВР собираат докази во предистражна постапка на ОнкологијаДел од медиумите објавија дека акцијата следува по објавата на информациите дека вработени во клиниката наводно „незаконски препродаваат лекови на пациенти“.
Од Министерството за внатрешни работи претходно за МИА ја потврдија акцијата и најавија дека ќе има повеќе информации, во координација со Обвинителството по завршување на акцијата.