Украинските сили во последните денови постигнаа „забележителен напредок“ против руските трупи на југот на земјата, изјави портпаролот на Белата куќа на 1 септември, додека украинските власти известуваа за руски ракетни напади во текот на ноќта.
Портпаролот за национална безбедност на Белата куќа, Џон Кирби, за новинарите изјави дека САД забележале напредок на јужната линија во последните 72 часа.
Украинската војска во последните денови тврди дека има успех во пробивањето на руските линии меѓу селото Роботин и Вербове во регионот Запорожје.
Видете и ова: Средба Ердоган - Путин на 4 септември во СочиУкраинската војска претходно соопшти дека нејзината контраофанзива продолжува на истокот и југот на земјата. Во руското гранатирање на јужниот украински град Херсон загина еден човек, соопшти регионалната воена администрација.
Три лица се ранети во Винца, град на околу 200 километри југозападно од Киев, кога приватно претпријатие беше погодено од крстаречка ракета со долг дострел, изјави регионалниот гувернер.
Руските сили истрелаа артилерија од внатрешноста на руската територија, погодувајќи град во регионот Суми во североисточна Украина, соопшти прес-службата на Генералното обвинителство. Четворица локални жители се ранети од шрапнели, а повеќе згради се оштетени.
Претходно, градоначалникот на Москва Сергеј Собјанин изјави дека руските системи за противвоздушна одбрана собориле беспилотно летало за кое тој тврди дека се приближувало кон градот. Дронот беше соборен во близина на Љуберци, југоисточно од Москва, рече Собјанин.