ОЈО и МВР собираат докази во предистражна постапка на Онкологија

Илустрација

„По насоки на Основното јавно обвинителство Скопје, со обезбедена судска наредба, Министерството за внатрешни работи презема дејствија во предистражна постапка за обезбедување докази кои ќе бидат предмет на анализи и вештачење со цел да се испитаат евентуални обележја на кривично дело“, информираат од Јавното обвинителство, во однос на акцијата што се одвива на Клиниката за онкологија во универзитетскиот клинички комплекс „Мајка Тереза“ во Скопје.

Од Министерството за внатрешни работи претходно за МИА ја потврдија акцијата и најавија дека ќе има повеќе информации, во координација со Обвинителството по завршување на акцијата.

Дел од медиумите објавија дека акцијата следува по објавата на информациите дека вработени во клиниката наводно „незаконски препродаваат лекови на пациенти“.