Нобеловата фондација, која ги администрира престижните награди, ја промени политиката за покани и ги покани Русија, Белорусија и Иран, како и лидерот на екстремно десничарската шведска партија, кој претходно беше забранет.
Видар Хелгесен, извршен директор на приватната фондација, во изјавата рече дека постои глобален тренд во кој „дијалогот меѓу оние со различни ставови се намалува“.
За да се спротивставиме на тоа, рече тој, „сега ги прошируваме нашите повици да ја прославиме и разбереме Нобеловата награда и важноста на слободната наука, слободната култура и слободните, мирни општества“.
Видете и ова: Трамп: заслужувам Нобелова награда, ама да не е се наместеноФондацијата соопшти дека поканата за настаните во 2023 година била упатена до сите земји со дипломатски претставништва во Шведска и Норвешка и до партиите „кои имаат парламентарно претставување преку демократски избори“, додавајќи дека „овој заеднички пристап промовира можности да се пренесат важните пораки на Нобеловата награда на сите“.со напомена дека во иднина оваа практика ќе биде заедничка за целата организација.
На дипломатските претставници на Русија и Белорусија минатата година им беше забрането да присуствуваат на доделување награди и банкети поради војната во Украина, а и амбасадорот на Иран беше исклучен поради „сериозната и ескалирачка ситуација“ во таа земја.