Пендаровски: Можеме во ЕУ и пред 2030 ако нема опструкции од опозицијата

Претседателот Стево Пендаровски

Претседателот на државата, Стево Пендаровски, коментирајќи ја изјавата на францускиот претседател Емануаел Макрон, за „Европската унија (ЕУ) во повеќе брзини“, рече дека „шефот на француската држава, ниту пак некој друг, никогаш не рекол дека Западен Балкан нема да влезе во ЕУ“.

За тоа, вели Пендаровски, потврда се и изјавите на француската министерка Бун која сигурно знаеш што мисли нејзиниот шеф и на Шарл Мишел кој е најблизок политички пријател на Макрон.

По изјавата на шевот на Советот на Европа Шарл Мишел, се актуелиираше и изјавата на Макрон.

„Ризично е да мислиме дека можеме да се прошириме без реформи. Можам да посведочам дека на Европа и е доволно тешко да напредува на чувствителни теми со 27 членки, со 32 или 35 членки нема да биде полесно. Ќе ни треба смелост да прифатиме поголема интеграција во некои области, а можеби дури и „Европа со повеќе брзини“, рече Макрон на годишниот состанок со француските амбасадори.

Видете и ова: Дали „Европа со повеќе брзини“ ќе забави на Западен Балкан?

Претседателот Пендаровски вели и дека ги смета за реални најавите оти до 2030 година земјава може да влезе во ЕУ, а дури и порано „без опструкции од опозицијата“.

„Без внатрешни опструкции какви што гледаме за жал од македонската опозиција, можно е и пред тој рок и за тоа потврда и е госпоѓата министерка за Европа на Франција која рече дека може некои од државите на Западен Балкан да влезат пред 2030 година“.

Уставните измени за внесување на Бугарите во македонскиот Устав остануваат дел од евроинтеграцискиот процес на Северна Македонија. Опозициската ВМРО-ДПМНЕ и понатаму остаува на цврстиот став дека нема да гласа за уставни измени под, како што велат, „бугарски диктат“.