Џозеф Бигс, поранешниот организатор на екстремистичката група „Горди момчиња“ е осуден на 17 години затвор за водење на напад врз американскиот Конгрес, Капитол Хил за да спречи мирен трансфер на власта по победата на Џо Бајден над Доналд Трамп на претседателските избори во 2020 година.
Казната на Бигс е втора највисока меѓу стотиците кривични предмети поднесени по немирите во Капитол во 2021 година.
Претходно, на 18 години затвор беше осуден Стјуарт Роудс, основачот на екстремистичката организација „Чувари на заклетвата“.
Федералните обвинители бараа 33 години затвор за Бигс, кој помогна да се убедат десетици членови и соработници на „Гордите момчиња“ да маршираат кон Капитол на 6 јануари 2021 година.
Бигс и другите членови на „Гордите момчиња“ се придружија на толпата што ги проби полициските кордони и ги принуди членовите на Конгресот да побегнат, прекинувајќи ја заедничката седница што требаше да ја потврди изборната победа на Бајден, кандидатот на демократите.
Американскиот окружен судија Тимоти Кели рече дека нападот на 6 јануари ја спречил потврдата на резултатите од гласањето.
„Тој ден заврши нашата традиција за мирен трансфер на власта, што е меѓу најскапоцените работи што ги имаме како Американци“, рече судијата.
Видете и ова: Независна комисија за испитување на немирите во КапитолБигс му призна на судијата дека „згрешил тој ден “, но рече дека бил „заведен“ од толпата поддржувачи на Трамп пред Капитол и истакна дека тој не е насилен или „терорист“.
„Љубопитноста ме победи и ќе морам да живеам со тоа до крајот на мојот живот“, рече тој, тврдејќи дека нема „омраза во срцето“ и не сака да ги повредува луѓето.
Обвинителите, сепак, го бранеа сопственото барање за 33-годишна затворска казна за Бигс, велејќи дека тоа е оправдано бидејќи тој и другите горди момчиња извршиле „едно од најтешките злосторства што овој суд некогаш ќе ги разгледа“, туркајќи ја американската влада „на на работ на уставната криза“.
„Има причина зошто сите заедно ќе бидеме нервозни додека се приближуваме до следните избори“, рече обвинителот Џејсон МекКалоу.
Видете и ова: Трамп обвинет за обид да го поништи изборниот резултат во 2020 годинаСудијата кој го осуди Бигс, исто така, одделно ќе казни уште четворица други членови на „Горди момчиња“ кои беа осудени од поротата во мај по четиримесечно судење во Вашингтон.
Тој процес ги разоткри лажните тврдења на екстремните десничарски екстремисти и републиканецот Трамп за наводна кражба на претседателските избори во 2020 година.