Министрите за надворешни работи на Русија и Турција на 31 август во Москва разговараа за обновување на договорот што ќе и овозможи на Украина да извезува жито од нејзините пристаништа на Црното Море.
Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров побара гаранции од Запад дека и на Русија ќе и биде дозволено да извезува жито и ѓубриво без пречки.
За возврат, Русија ќе биде подготвена да се врати на договорот за жито од кој се повлече во средината на јули.
Обновувањето на украинскиот извоз по морски пат беше важно за да се обезбедат светските резерви на храна, рече турскиот министер за надворешни работи Хакан Фидан.
Тоа ќе обезбеди и поголема стабилност и мир во регионот, додаде тој.
Санкциите наметнати од западните земји беа причина што Русија не можеше да го извезува своето жито и вештачко ѓубриво, рече тој.
Европската унија и другите поддржувачи на Украина постојано инсистираа дека санкциите кон Русија не влијаат на нејзиниот извоз на жито.
Видете и ова: Ердоган ќе оди кај Путин за обновување на договорот за житоВо средината на јули Русија ја укина гаранцијата за безбеден премин за пратките на жито од украинските пристаништа.
Од лани летото Украина можеше да извезе околу 33 милиони тони жито и други земјоделски производи по морски пат.
Копнените патишта се значително поскапи и подлежат на други ограничувања.
Лавров рече дека Турција може да купи 1 милион тони руско жито по намалена цена. Средбата на министрите има за цел да го подготви теренот за средба меѓу претседателот Владимир Путин и претседателот Реџеп Таип Ердоган.