Поранешниот американски претседател Доналд Трамп на 31 август се изјасни за невин и рече дека ќе го прескокне сослушувањето за случајот во кој е обвинет со уште 18 други луѓе, дека незаконски се обиделе да ги поништат резултатите од изборите во 2020 година во Џорџија.
Судијата на Врховниот суд на округот Фултон, Скот Мекафи, закажа сослушување за Трамп и 18-те други обвинети во случајот за 6 септември.
Одлуката да се прескокне личното појавување ги одбегнува драматичните обвиненија кои ги придружуваа трите други кривични случаи со кои се соочува Трамп, во кои поранешниот претседател беше принуден под засилено обезбедување да влезе во судница и да се изјасни за „невин“ пред толпата гледачи.
Судовите во Џорџија имаат прилично попустливи правила за присуство на медиумски камери во судница, а овој чекор значи дека Трамп нема да мора да се изјасни и тоа да се пренесува на телевизија.
Видете и ова: Трамп уапсен за лобирање на изборите, па пуштен со кауцијаТрамп и уште 18 други беа обвинети претходно овој месец во обвинение со 41 точка, кое ја прикажува наводната шема за поткопување на волјата на гласачите во Џорџија, кои го избраа демократот Џо Бајден наместо Трамп на изборите.
Трамп, кој е фаворит на републиканските претседателски прелиминарни избори во 2024 година, критикува дека случаите против него се дел од политички мотивираниот обид да го спречи да се врати во Белата куќа.