Утре, на први септември ќе стартува новата учебна година и ќе трае до 17 јуни, потврди денеска министерот за образование и наука Јетон Шаќири.
Тој појасни дека годинава за прв пат основците и средношколците ќе имаат и пролетен распуст кој ќе трае од 29 април до 5 ти мај, практика која, како што кажа Шаќири, се применува во повеќе европски земји и која според наставниците и стручните служби ќе донесе подобри резултати во учењето.
Видете и ова: Некој ќе добие учебници, некој линк до помошни материјали
Шаќири вели дека во изминатиот период интензивно се подготвувале со училиштата и локалната самоуправа за успешен старт на учебната година.
„Најголем дел од учебниците за основното образование кои се одборени во изминатиот период како и дел од новите учебници од трето одделение се веќе испорачани до училиштата и апелирам до раководставата на училиштата да ги доделат до учениците. Останатиот помал дел тоа се претежно учебници за шесто одделение ќе бидат доставени веднаш по одобрување од страна на националната комисија за учебници“, информира Шаќири на денешната прес конференција.
И минатата учебна година учениците не ги добија сите учебници, а по некои предмети учебници немаа книги до крај на школската година.
За привремени учебници лани државата потроши над 640 милиони евра, пари позајмени од Светска банка.