Нецелосно почитување на законските одредби за исклучување и вклучување како и изземање на судии од АКМИС системот, неконтинуирано архивирање на предмети, недоволен број на судии во помалите судови се дел од слабостите кои ги констатирала Комисијата за надзор на функционалноста на АКМИС системот во судовите. Комисијата извршила надзор во четири основни судови во државата,Берово, Крушево, Кратово и Куманово.
Покрај овие забелешки, комисијата укажува и на недоволниот број на информатичари во судовите, нераспишување на огласи за вработување и унапредувања и покрај добиената согласност од страна на поранешни претседатели, а се укажува и на тоа дека тонското снимање главно не функционира.
Видете и ова: Местенките во АКМИС ќе отворат стари пресуди
Ова како што информираат од Министерството за правда, се само дел од забелешките на Комисијата за извршениот надзор во првите шест месеци од годинава.
Министерството за правда известува дека и во наредниот период ќе ќе ги објавува на својата веб страница сите записници од извршените надзор во судовите.