Високиот претставник на Европската унија за надворешна политика и безбедност, Жозеп Борел на 30 август изјави дека Унијата се подготвува да воведе санкции против членовите на хунтата, која минатиот месец ја презеде власта во Нигер.
„Кога ќе се одлучува за санкциите, ЕУ ќе се обиде да ги преслика мерките преземени од Економска организација на западноафриканските држави (ЕКОВАС)“, истакна Борел на прес-конференција по состанокот на министрите за одбрана на ЕУ во Толедо, Шпанија.
Тој додаде дека утре на состанокот на министрите за надворешни работи на ЕУ ќе предложи формирање правна рамка за воведување санкции за одговорните за пучот.
На 26 јули војската го собори претседателот на Нигер, Мохамед Базум.
Пуч предизвика тревога кај западните сојузници и демократските африкански држави, кои стравуваат дека тоа би можело да им дозволи на милитантните групи во регионот Сахел да го прошират својот дофат и да ѝ дадат на Русија основа да го зголеми своето влијание.
Лидерите на економската заедница на западноафриканските држави (ЕКОВАС) на состанокот во главниот град на Гана, Акра, на 19 август 23 разговараа за воениот удар во Нигер. ЕКОВАС е подготвен воено да интервенира доколку дипломатските напори не успеат.