Македонскиот министер за надворешни работи Бујар Османи, телефонски разговарал со рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров, соопшти МНР. Османи со него разговарал во својство на претседавач со ОБСЕ, при што тој се осврнал на предизвиците во регионот на ОБСЕ и ја повторил приврзаноста на Претседавањето на Северна Македонија кон почитување на темелните принципи и заложби на ОБСЕ, се наведува во соопштението од МНР
„ Во тој контекст, уште еднаш ја потенцираше неопходноста од прекин на агресијата, повлекување на руските воени сили од Украина и почитување на суверенитетот и територијалниот интегритет на Украина, се наведува во соопштението.
Од МНР велат дека Османи и Лавров, размениле мислења за најактуелни прашања поврзани со функционирањето на ОБСЕ. Македонското претседавањето со ОБСЕ – најголемата светска регионална безбедносна организација која опфаќа 57 држави учеснички од Северна Америка, Европа и Азија, ќе трае до крајот на годинава.