Приведен е организаторот на трговија со дрога од село Грчец, што е дел од предметот познат во јавноста како „Планина“ по кого беше распишана и меѓународна потерница во 2021 година. Основното јавното обвинителство покренало истрага именувана како „Планина“ против него од село Грчец и 27 други осомничени. Обвинителството соопшти дека истражната постапка била отворена уште во март 2021 година и дека меѓу осомничените има и дете помладо од 16 години.
„Бидејќи се работеше за две криминални групи што се занимавале со неовластена продажба на наркотична дрога беа донесени две Наредби за спроведување на истражна постапка. Во тогашните спроведените акции на територијата на село Грчец и населбата Гази Баба беа лишени од слобода 22 лица, а петмина меѓу кои и првоосомничениот беа во бегство“, се вели во соопштението на Обвинителството.
Во нивното соопштение е наведено дека во текот на изминататата година тројца од осомничените бегалци се приведени и дека против нив се води истражна постапка.
Дополнително обвинителите кои работеа на случајот постигнале спогодба со 14 од 28-те обвинети за кои судот ги прифати предлог спогодбите и донесе пресуди. Осумина беа осудени на 3 години затвор, а двајца добија по три ипол години затвор, додека тројца се осудени на казна затвор во траење од 4 години и 6 месеци и едно лице на 5 годишна затворска казна.
Видете и ова: Три македонски банди го држат црниот пазар со дрогаСпоред обвинението членовите на двете организирани криминални мрежи, продавале наркотична дрога преку препродавачи во Скопје, Гостивар, Тетово, Струмица и други градови по цена која се движела во износ од 4000 до 5000 денари за 1 (еден) грам кокаин и во распон од 12.000 до 15.000 денари за 100 грама марихуана.
За овој предмет во јануари годинава албанската ТВ Ора објави дека има прислушувања кои покажуваат дека високи функционери од владејачката коалиција во Македонија директно интервенирале за да се оневозможи успешна операција против шверц со дрога преземена од странска агенција. Тогашната шефица на Обвинителството за борба против организиран криминал Вилма Рускоска изјави дека акцијата „Планина“ била пробиена во Грчец.
„Најголемиот дел од парите и од запленетата наркотична дрога се пронајдени при претресите во Гази Баба, додека многу малку е пронајдено и одземено во Грчец. Имаме сознанија дека акцијата во село Грчец е пробиена“, истакна Рускоска.
Видете и ова: Обвинувања за шверц на дрога со политичка заштитаПри претресите на повеќе локации денот кога беа и приведени мнозинство од осомничените полицијата запленила 80.000 евра, и над пет килограми марихуана и околу околу 600-700 грама кокаин.