Следното проширување на Европската унија е можно и пред 2030 година, но претходно Унијата треба да се реформира, изјави денеска француската државна секретарка за Европа, Лоренс Бун.
Таа зборуваше на на панел дискусија во рамки Бледскиот стратешки форум. Изјавата на Бун следува по вчерашната изјава во Блед на претседателот на Европскиот Совет, Шарл Мишел кој им порача на земјите од Западен Балкан дека проширување на ЕУ ќе има до 2030, како и на францускиот претседател Емануел Макрон кој рече дека ЕУ треба да размисли за „Европа со повеќе брзини“.
Според Бун, оваа изјава на Макрон не значи затворени врати за земјите кандидатки.
Видете и ова: Европски дипломати - без уставни измени постои ризик од раздвојување на Северна Македонија и АлбанијаТаа рече дека сега Унијата брои 27 земји, а дека можеби ќе бидат и повеќе од 35 со надеж тоа да се случи што побргу. Знам дека Шарл Мишел рече до 2030 година, но дека може да биде и порано.
„Но, она што ни треба е да се реформираме себеси, како и земјите кандидати. Можеби не го правевме тоа многу добро во минатото, можеби треба да сме повеќе инволвирани, да помагаме повеќе, да бидеме подинамични во процесот на проширување за да избегнеме замореност и да ги направиме придобивките од идното членство во ЕУ поопипливи за земјите кандидати. Тоа се нашите задачи“, рече Бун.