Обединетите нации потврдија дека вкупниот број на загинати цивили во Украина e 9.511 луѓе. Според организацијата вкупниот број цивилни жртви како резултат на целосната инвазија на Русија, започната во февруари 2022 година, изнесува 21.717.
Набљудувачката мисија на ОН во Украина соопшти дека од 1 до 27 август во нападите загинале 585 цивили, меѓу кои и пет деца.
Видете и ова: Киев: Украина ослободи стратешко место, Русија продолжи со напади врз цивилиВистинскиот број на жртви се смета дека е многу поголем бидејќи допрва треба да дојде до информации од некои локации каде што борбите се интензивни.
Исто така ОН соопштија дека многу други извештаи за загинати сè уште треба да се проверат.
Според последните податоци на Канцеларијата на јавниот обвинител на Украина, како резултат на руската агресија во Украина од 24 февруари 2022 година, загинале 503 деца, а повеќе од 1.117 биле повредени.
Институцијата забележува дека овие бројки не се конечни.